ПОСЛЕДИЧНО ПРОГРАМИРАЊЕ: АЛГОРИТАМ „ОД ПОТЦЕЛТА ВРАТИ СЕ”
Abstract
Во трудов се презентирани експерименти со алгоритмот „од потцелта врати се” за решавање на проблемот на наоѓање најкраток пат од сите можни патишта, во околина во која има \(n\) состојби, од кои една е почетна, една е состојба на цел и некои состојби се неповолни и треба да се избегнат. Од секоја состојба можат да се превземат акции кои водат или до друга состојба, или до препрека.
За решавање на проблемот се користи агентен пристап. Архитектурата на агентот кој се користи овде е од невронски тип, поточно, се користи Невронската Кросбар Адаптивна Мрежа (NN - CAA). Опишан е математичкиот модел на овој агент. Програмот за алгоритмот е изработен во програмскиот пакет DELPHI 1.
Направена е споредба на резултатите со алгоритмот „од целта врати се” со што се покажува дека алгоритмот „од потцелта врати се” е поефикасен.